25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot го пушти во продажба Metropolis 400

Peugeot го пушти во продажба Metropolis 400

6345027350_ab18cabc9e_z

Францускиот производител „Peugeot“ го најави својот долго очекуван „Metropolis 400“ скутер со три тркала кој од 2-ри мај се најде во продажба на домашниот пазар.

Се уште не е познато кога „Metropolis“ ќе биде достапен на останатите пазари, но се претпоставува дека за тоа нема да биде потребно долго да се чека.

Развојниот процес на овој скутер траеше пет години, а главната цел која францускиот производител сакаше да ја оствари со „Metropolis“ е во целост да го промени сегментот на моделот за урбаната средина, донесувајќи го најдоброто од двата света, автомобилскиот и мотоциклискиот.

„Metropolis 400“ може да се пофали со најнапредната технологија достапна во автомобилската индустрија во смисла на рамнотежата и динамиката. Се очекува „Metropolis“ да има 35 KS благодарејќи на моторот со зафатнина од 400 кубика со водено ладење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП