26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА17 од најскапите супстанции во светот (фото)

17 од најскапите супстанции во светот (фото)

Во текот на многу векови луѓето веруваат дека златото е еден од најскапите материјали во светот. Сепак, ова е апсолутно погрешно.

Во следниот список изготвен од „Bright Side“, тоа не е дури ни меѓу првите три.

16. Шафран – 11 долари за грам

Овој зачин е уникатен, комбинирајќи фантастичен вкус и одлични здравствени придобивки. Неговиот производствен процес чини многу време и напор, но вкусот и лековитите својства на шафранот се ненадминати.

15. Злато – 56 долари за грам

Најпознатиот скапоцен метал – златото, е почитуван од памтивек и сето убаво неизбежно се споредува со него.

14. Родиум – 58 долари за грам

Металот од платиновата група е исклучително редок. Еден тон земјена кора содржи околу 0.001 грама родиум.

13. Платина – 60 долари за грам

Тоа е редок и благороден метал со сребрена боја. Сличен на златото, тој е силно отпорен на киселини, алкали и други соединенија.

12. Метамфетамин – 100 долари за грам

Секако, не треба да додаваме дека ова е нелегална материја.

11. Рог на носорог – 110 долари за грам

Тие се вредни не само поради лековитите својства, но и како декоративен материјал. Поради ловокрадците, носорозите веќе се на границата на исчезнувањето.

10. Хероин – 130 долари за грам

Опијат, кој ги менува перцепциите – подобро никогаш да не се уверувате дали тоа е така или не.

9. Кокаин – 236 долари за грам

Овој бел кристален прав е фатална и опасна дрога. Неговата повисока цена во споредба со хероинот, се објаснува со „чистотата“ и природност.

8. LSD – 3.000 долари за грам

Производствениот процес на ова полусинтетско наркотично средство е доста тежок, што се објаснува преку цената.

7. Плутониум – 4.000 долари за грам

Тежок, но кревок радиоактивен метал со сребрено-бела боја. Употребата варира од производството на нуклеарно оружје и горива до извор на енергија за вселенски бродови.

6. Пајанит – 9.000 долари за грам

Овој камен е толку редок што многу малку луѓе, всушност, знаат дека постои. Тоа е минерал со портокалова или црвеникаво-кафеава боја, откриен пред само 65 години. Има само неколку стотици од овие камења во светот денес.

5. Таафејт – 20.000 долари за грам или 4.000 долари за карат

Скапоцен камен со виолетова, розова, црвена или бела боја. Тој е еден милион пати редок од дијамантите, што го прави легендарен. И покрај единственоста, не е многу популарен, кога станува збор за накит.

4. Тритиум – 30.000 долари за грам

Овој гас се користи при осветлувањето. Чини околу 15 милиони долари, за да бидат произведени три литри.

3. Дијамант – 55.000 долари за грам

Најпознатиот скапоцен камен на Земјата и најдобриот пријател на секоја дама.

2. Калифорниум – 25-27 милиони долари за грам

Најскапиот хемиски елемент. Тој е синтетизиран само еднаш од откривањето во 1950-та година.

1. Антиматерија – 62.5 илјади милијарди долари за грам

Најскапата материја на Земјата. Производството на еден милиграм позитрони чини околу 25 милиони долари. Во теорија ќе можеме да ја користиме антиматеријата како гориво за вселенски бродови во иднина. Но недостатокот денес е дека за да се направиме само еден грам од него, целото човештво ќе треба да работи околу една година без одмор.

Бонус: Жад (нефрит) – 170 милиони долари

Рударите во Мјанмар го открија најголемиот жад во оддалечениот рудник во престолнината Кацин, во северниот дел на земјата. Каменот е висок 4 метри и должина од 8 метри, тежи околу 200 тони. Овој убав жад ќе биде испратен во Кина, каде ќе биде претворен во скап накит и скулптури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП