27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделството стана главен адут на Русија

Земјоделството стана главен адут на Русија

Западните санкции и падот на вредноста на рубљата го направија руското земјоделство исклучително профитабилно, па Русија во моментов повеќе заработува од извозот на храна отколку од извозот на оружје.

Русија минатата година стана најголем светски извозник на жито пласирајќи повеќе од 34 милиони тони, додека вкупното производство достигна рекордни 119 милиони тони.

Како што пишува Фајненшл Тајмс, успехот на руското земјоделство не застанува само на пченицата. Таа држава во целост го замени увозот на свинско и пилешко месо со домашното производиство, а стана и најголем светски производител на шеќерна репка. Воведените санкции по анексијата на Крим имаа влијание и на скокот на руското земјоделство, но поголемо влијание дојде од падот на цената на нафтата.

Од една страна, дојде до пад на вредноста на рубљата, што извозот го направи поконкурентен, а увозот на храна стана поскап.

„Девалвацијата на рубљата создаде фантастично ценовно опкружување за се што земјоделството може да произведе“, истакна Андреј Гуријев, извршен директор на фабриката на ѓубриво, PhosAgro додавајќи дека поради поевтинувањето на ѓубривото и горивото, земјоделскиот сектор пркеу ноќ станал огнено профитабилен.

Не треба да се занемари фактот дека руската Влада во последните две години ги зголеми субвенциите за земјоделците, но и дека цената на земјиштето и понатака е релативно ниска според светските стандарди, па за зголемување на обработливите површини не е потребен голем капитал.

Подемот на тој сектор ја повлече со себе и пратечката индустрија. Продажбата на ѓубриво и останатите заштитни средства порасна во Русија минатата година за 16 проценти додека на глобално ниво пораснала за дури 2,2 проценти. На руското земјоделство му годи и добрата транспортна поврзаност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП