28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку заработуваат шефовите на автомобилските компании?

Колку заработуваат шефовите на автомобилските компании?

Според податоците на „CNN Money“, минатата година, генералниот директор на „General Motors“ Мари Бара стана највисокоплатениот шеф во индустријата. Во 2016-та година таа доби 22.6 милиони долари.

Се верува дека најнископлатениот шеф на автомобилска компанија е човекот-легенда – Илон Муск.

Шефот на „Tesla Motors“, како и во 2015-та година, е задоволен од релативно ниската плата – 40.000 долари месечно.

Колку и да е парадоксално тоа, факт е дека скромниот шеф на автомобилска компанија всушност ја предводи најскапата компанија.

Во март 2017-та година „Tesla Motors“ се проценува поскапо отколку целиот концерн „General Motors“ со неговата најбогата директорката.

Недалеку од Бара е Марк Филдс, кој ја предводи „Ford“. Неговиот доход за 2016-та година сочинува 22.1 милиони долари.

Со голема разлика на трето место е извршниот генерален директор на „Fiat Chrysler“, Серџо Маркионе (9,9 милиони долари). По него е претседателот на „Volkswagen“, Матијас Милер (7.8 милиони долари).

Во рејтингот отсуствуваат податоци за приходите на раководителите на јапонските автомобилски компании, но „CNN“ забележува дека нивото на нивните приходи суштински отстапуваат на нивните европски и американски колеги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП