17 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој вели дека само Кинезите копираат - Puma украде лого

Кој вели дека само Кинезите копираат – Puma украде лого

Судот во Шангај и наложи на германската компанија за спортска опрема Puma да и плати 2,9 милиони јуани (421.340 долари) поради повреда на лого.

Се наведува дека Puma ги повредила авторските права на една кинеска компанија за производство на облека од волна.

Puma, наведува весникот Шангај дејли, ја коопирала фотографијата која е креирана специјално за Годината на јарецот, која беше 2015-та во Кина и ја користела на капуљачите од дуксерите.

Судот изрече дека локалниот бренд, стар 90 години, го регистрирал тоа лого и го адаптирал така што претставува древно кинеско обележје. Единствена разлика меѓу логотиповите на двете компании била големината, заклучи судот.

Puma ги негираше обвиненијата, и соопшти дека користела хијерлогафски карактер кој може да го користи било кој во светот.

Судот сепак тврди дека купувачите се доведуваат во заблуда и дека вака се поврзуваат Puma и кинескиот бренд.

Случаите за повреда на логоата се чести во Кина, но овој е малку необичен бидејќи овој пат кинескиот бренд ги бара своите права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП