7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлјадници научници ширум светот излегуваат на улица во одбрана на својот труд

Илјадници научници ширум светот излегуваат на улица во одбрана на својот труд

Илјадници научници ширум светот одлучија во сабота да излезат на улиците за да протестираат против нападите врз науката, кои, како што велат, се засилуваат во светот.

„Марш за науката“, на Денот на планетата Земја, ќе биде организиран во повеќе од 500 градови, како и во Вашингтон, а ќе им се придружат десетици професионални здруженија на научници со намера да го поврзат политичкиот протест и демонстрацијата на фелата.

Демонстрантите во Женева денеска имаа транспаренти на кои пишуваше „Науката е свеќа во мракот“ и „Науката е одговор“. Во Лондон, физичари, астрономи, биолози и ѕвезди на јавната сцена се собраа во маршот што мина покрај најголемите научни институции во тој град. Тие носеа транспаренти со научни симболи.

Транспарентите подготвени за Вашингтон се зачинети со гнев, хумор и со тешко преводливи научни референци.

Организаторите го претставија маршот како политички, но непартиски, за разбирање за потребите на науката, за нејзина одбрана од напади, вклучително и предложеното намалување на буџетот на САД, како што е кастрењето на фондот за Националниот институт за здравје за 20 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП