Овогодинешното издание на литературниот детски фестивал Ракатки ќе се одржи во Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш.
По објавениот конкурс и пристигнатите творби, жири-комисијата одбра триесетина најдобри творби кои ќе се претстават на самиот фестивал, каде што ќе добијат пофалници и награди.
Програмата ќе ја збогатат млади музичари, а ќе присуствуваат и дел од писателите за деца и млади.
По традиција, фестивалот Ракатки се одржува во Скопје, но оваа година организатор и покровител на настанот е градот Радовиш.
Средбата ќе ја отвори градоначалникот на Радовиш Сашко Николов.