18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина станува водечки производител на ГМО семе во светот?

Кина станува водечки производител на ГМО семе во светот?

Спојувањето на кинеската државна агрохемиска компанија „ChemChina“ и швајцарскиот производител на генетски модифицирани семиња „Syngenta“, во вредност од 43 милијарди долари, би требало да ја претвори Кина во биотехнолошки гигант, оценуваат експертите.

Договорот за спојување на двете компании во изминатите неколку недели го одобрија властите од Европската унија и САД, а кога трансакцијата ќе се заклучи, тоа ќе биде најголемата аквизиција некогаш на една кинеска компанија во странство, пишува Раша тудеј.

Соединувањето на двете компании, исто така, ќе овозможи целокупната светска земјоделска моќ да се сконцентрира во рацете на три држави, САД, Германија и Кина.

Како што оценуваат експертите, оваа аквизиција е прилика за Кина да ја преземе вредната технологија за производство на семе со цел да ја нахрани својата популација од 1,3 милијарди луѓе.

Кина во голема мера се потпира на увозот на храна, а е водечки увозник на соја и седми најголем увозник на пченка во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП