ЕКОНОМИЈА

Сивиот сектор кај платите во Русија достигна 10 илјади милијарди рубљи

Волуменот на сивиот сектор при исплатата на плати во Русија е над 10 илјади милијарди рубљи (околу 178 милијарди долари) годишно, пишуваат руските медиуми цитирајќи го министерот за финансии Антон Силуанов. Така од неплатени даноци и придонеси буџетот губи околу 4 илјади милијарди рубљи годишно.

Медиумите сепак коментираат дека сумата е толку условна, колку и другите проценки на сивата економија во земјата.

Според националната статистика вработени во неформалната економија се на највисоко ниво во изминатата деценија – околу 15 милиони лица, или 20,5% од вработените. Чиновници и експерти ја дефинираат оваа бројка те како намалена, те како „надуена“, дури и во пати.

Државните службеници се сомневаат дека покрај касата поминува огромен финансиски прилив, до кој тие немаат пристап и оттука доаѓаат различни идеи за спротивставување – од ограничување на социјалните услуги до промена на целиот даночен систем.

Антон Силуанов коментирал на седница во Министерството за финансии дека обемот на платите во плик е резултат на „длабоките структурни диспропорции меѓу белата и сивата економија“. Тој гледа излез во комбинацијата на економски стимуланси, на пример проширување на безготовинските плаќања.