6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на мало во Велика Британија со прв квартален пад од 2013-та

Продажбата на мало во Велика Британија со прв квартален пад од 2013-та

Продажбата на мало во Велика Британија го запиша најдрастичниот пад за квартал од 2013-та година, соопштува „Bloomberg“.

Волуменот на стоките продадени во продавниците и на интернет, се намалува со 1,4 во јануари-март во однос на претходниот квартал, покажуваат податоците на Националната статистичка служба.

Последниот пат кога продажбата на мало во Велика Британија го запишаа за еден квартал беше во 2013-та година.

Само во март падот изнесува 1,8%, што е полош резултат од очекуваното 0,5-процентно намалување.

Податоците упатуваат вознемирувачки пораки за економијата, која зависи многу од потрошувачката.

Економскиот раст сигурно бележи пад во првиот квартал, коментира „Bloomberg“, што од своја страна ќе изврши притисок врз Англиската централна банка да ги одржува ниски каматните стапки.

„Слабоста кај продажбата на мало се чини дека е последица од зголемените цени во широк спектар на сектори“, коментира Кејт Дејвис од статистичката служба.

„Bloomberg“ потсетува дека британската фунта поевтини за 14% од референдумот за „Brexit“ во јуни. Цените на стоките на мало во март се зголемуваат со 3,3% на годишна основа, што е најостар раст од март 2012-та година.

Од сите продажби на мало само оние во стоковните куќи остварија раст. Кај облеката и обувките има пад од 0,9%, а кај прехранбените производи намалувањето изнесува 0,5 отсто.

Следната недела во петок ќе биде објавено првото читање на податоците за БДП-то во јануари-март, а очекувањата се за забавување до 0,4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП