5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпласна инфлацијата во ЕУ и еврозоната

Спласна инфлацијата во ЕУ и еврозоната

Меѓугодишната инфлација во еврозоната спласна во месец март оваа година на 1,5 проценти од февруарското ниво од 2 проценти.

Во март 2016 година, индексот за растот на потрошувачките цени во 19-члениот блок изнесувал нула проценти, објави Еуростат.

Истовремено, инфлацијата во Европската унија во март била 1,6 проценти на годишно ниво, што е исто така пад во однос на 2 проценти од претходниот месец. Во 28-члениот блок, исто така, минатиот март стапката на инфлација била нулта.

Во март 2017 година, најниската меѓугодишна инфлацијата е регистрирана во Романија (0,4 проценти) и Ирска и Холандија (по 0,6 проценти), додека највисоки стапки се забележани во Летонија (3,3) Литванија (3,2) и Естонија (3,0 проценти).

Во споредба со февруари 2017 година, меѓугодишната инфлација во март опаднала во 17 земји во ЕУ, во шест држави членки останала стабилна, додека во пет забележала раст.

Најголемо влијание на зголмувањето на меѓугодишната инфлација во еврозоната имале цените на горивата за моторни возила, маслата за греење, и зеленчукот, додека дефлаторните притисоци доаѓале од цените на телекомуникациите и празничните туристички аранжмани и облеката, наведува Еуростат.

На месечно ниво, потрошувачките цени во ЕУ во март пораснале за 0,6 проценти, а во еврозоната за 0,8 проценти.

Најизразен раст на цените е забележан во Португалија (2,0 проценти), Италија (1,9), а следат Грција (1,4) и Шпанија и Литванија (по 1,1 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП