12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската централна банка ќе ја намали каматната стапка

Руската централна банка ќе ја намали каматната стапка

Руската централна банка може да ја намали основната каматна стапка за 25 или 50 базични поени за време на следниот состанок на бордот на директори на 28-ми април, изјави директорот на банката Елвира Набиулина.

Централната банка ја намали за последен пат својата основна каматна стапка до 9,75% од 10% во март, потсетуваат агенциите.

Говорејќи во Министерството за финансии на земјата, Набиулина изјави дека намалувањето на каматата е можно, бидејќи инфлацијата, примарната главоболка на централната банка, веќе опаднала до 4,1% до 17-ти април, останувајќи на сосема малку повисоко ниво од крајната цел на банката во износ од 4%.

Набилина изјави дека секојдневните купувања на долари за државната каса имаат ограничено влијание врз рубљата, а стравувањата за создавање на повисока инфлација не се материјализира.

Претходното намалување на каматата беше оправдано од централните банкари во Москва со економско заздравување. За оваа година руската централна банка очекува економски раст од 1 до 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП