28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCоцијално загрозените семејства во Ранковце ќе добијат помош

Cоцијално загрозените семејства во Ранковце ќе добијат помош

Волонтерите на Црвен крст, кои се дел од проектот „Промоција на хумани вредности“, реализираа проект за семејства со социјален ризик.

Проектот се реализираше преку театaрска претстава, а средствата кои се собрани ќе бидат наменети за семејството на Орхан Петрушевски, кое нема никакви примања.

Претставата била под менторство на професорките по македонски јазик Марија Јанакиевска и Светлана Лазаревска.

Освен претставата,волонтерите на Црвен крст изработиле и осмомартовски честитки и мартинки, кои ги продавале на разни места во Ранковце и Крива Паланка.

Со собраните средства е планирано да се купат градежни материјали,за се направат два ѕида во импровизираната куќа на семејството Петрушевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП