5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCредношколците и студентите ќе добијат бесплатна обука за 3Д артисти

Cредношколците и студентите ќе добијат бесплатна обука за 3Д артисти

Средношколците и студентите од техничките насоки ќе добијат можност да учествуваат на бесплатна обука со која ќе се стекнат со меѓународен Аутодеск сертификат и ќе можат да учествуваат во натпревар D и Game дизајн на настанот iNovum,што ќе се одржи од 22 април до 4 мај во Скопје.

Сите кои се заинтересирани за обуката ќе можат до 23 април да го посетат промотивниот штанд во Скопје Сити мoл и да се пријават. Предвидено е дневно да се обучуваат околу 20 лица. Потребната техника за кандидатите ќе ја обезбеди организаторот .

„Целта е развој на македонското ИТ општество, поттикнување на креативноста кај младите и насочување кон професијата 3Д артист,за која има голема побарувачка“, рече на прес­конференција,Стефан Митров,инструктор во Академијата за 3D и Game design ­ M3DS.

„Учесниците освен што ќе се стекнат со основни познавања за Autodesk, ќе имаат можност за практична работа, работа во тимови, запознавање со компании учеснички, создавање сопствено портфолио и стекнување меѓународно признаен Autodesk сертификат“, рече Митров

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП