13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата забележа благ раст

Цената на нафтата забележа благ раст

Цените на нафтата благо пораснаа во четврток на меѓународните пазари, по падот ден претходно од 3,5 отсто, заради индикациите од одделни земји производители дека веројатно по јуни ќе биде продолжен рокот за намалување на производството договорено во рамки на ОПЕК.

На лондонската берза цената на барелот денес порасна 50 центи во однос на претходното затворање, на 53,43 долари.

На американскиот пазар барелот се тргуваше по 43 центи повисока цена во однос на затворањето во среда, односно по 50,87 долари.

ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во среда изнесувала 51,88 долари, што е за 41 цент помалку во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП