4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-турски бизнис форум - соработката продолжува

Македонско-турски бизнис форум – соработката продолжува

Политичката криза во Мaкедонија и периодот по референдумот во Турција не се пречка бизнисмените да соработуваат. Ова е ставот на турски и македонски бизнисмени кои денеска учествуваа на Македонско-турскиот бизнис форум организиран од Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), Стопанската комора на Измир и Стопанската комора на Македонија.

– Не сме дојдени за политика, туку за бизнис. Како претставници на два блиски народи, дојдени сме за развој на соработката. Сепак, не би ги коментирал политичките случувања – изјави Емре Илалан од Стопанската комора од Измир.

Тој смета дека политичката криза во земјава нема да влијае на одлуката на турските бизнисмени да инвестираат.

– Ова е наша прва средба од ваков вид и не можеме да зборуваме за одлуки за инвестиции, но верувам дека во поединечните комуникации на бизнисмените ќе се зборува и за тоа – рече Илалан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП