19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРодителите на децата со пречки во развојот бараат остварување на нивните права

Родителите на децата со пречки во развојот бараат остварување на нивните права

Здружението „Сплотени срца“ го започна мирниот собир во паркот „Жена-борец“ преку поставување на неколку шатори, и каде како што велат ќе останат во наредните два дена.

Тие ќе упатат барање до политичарите, т.е. пратениците, поврзани со остварувањето на правата за лицата со пречки во развојот. Уште на самиот почеток на собирот се случи инцидент, имено непознато лице, без претходно да се легитимира, се обидело да ги сруши шаторите на присутните.

„Дојде момче, за кое отпосле констатиравме дека бил вработен во Град Скопје, но не се легитимираше и почна да ги руши шаторите. Прво не сакаше да се легитимира, а потоа кажа дека требало да се поправаат плочките. Имаше дете во шаторот, а тој зема да трга. Ако во оваа земја, ние родителите и децата со посебни потреби не сме пожелни, нека кажат да бараме азил“, изјави претседателот на здружението „Сплотени срца“, Зоран Мијалков.

Протестот на здружението е уредно е најавен кај министерство за внатрешни работи и Град Скопје, но ни организаторите не им е јасно која е вистинската причина за ваквата постапката на лицето кое потоа им рекло дека го претставува Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП