19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриказна за Раstello- успешен Start Up проект од Македонија(фото)

Приказна за Раstello- успешен Start Up проект од Македонија(фото)

Pastello е креативна компанија со седиште во Куманово, основана од страна на луѓе со иста идеја и визија, луѓе кои не сакаат калапи и шаблони, луѓе со една цел, да произведуваат безвременски, уникатен и одржлив дизајн на осветлување.

-Инспирацијата и креативноста ја добиваме од сите страни, од разни природни и индустриски форми. На секој производ му посветуваме многу време и љубов. Секое парче рачно се обликува, составува и финишира се додека не се добие првично замислениот модел. Секоја ламба си има своја приказна. Секоја ламба си има и свое име. Секоја ламба си има свој карактер и носи некоја емоција со себе. Една е нежна и едноставна, друга е остра, груба и упадлива. Една ќе внесе топла и пријатна атмосфера, друга ќе предизвика возбуда и забава во Вашиот дом, велат од компанијата.

-Можеби нашата приказна Ви звучи познато, и Ве потсетува на приказната за Пинокио.  На мајсторот Џепето му недостасувало дете па си направил дрвена кукла која што подоцна оживува. Исто и во Pastello, нашиот Џепето прави лустери и ламби кои што оживуваат кога Вие ке ги вклучите во струја. За наша среќа Македонија изобилува со природно и високо квалитетно дрво. Нашите мајстори се секогаш подготвени да го обработат и да му дадат карактер. Како кај сите рачно изработени природни производи така и кај нашите може да се најдат разлики во текстурата и формата на дрвото, но со тоа само додаваме на нивната убавината и уникатност. Моментално имаме околу 70 модели на ламби од секаков вид, столни, подни, ѕидни ламби и лустери. Сите наши модели можат да се редизајнираат и изменат во форма, големина и боја. Ние ја цениме и креативноста на нашите клиенти па затоа нудиме модели врз основа на Ваша идеја или нацрт, додаваат тие.

Секоја Ваша замисла за осветлување може да биде реалност ако ја посетите онлајн продавницата  www.pastello.mk или пак дојдете во салонот во Скопје лоциран на ул. Роза Луксембург 15. Купете уникат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП