5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради падот на побарувачката Emirates го намалува бројот на летови за САД

Поради падот на побарувачката Emirates го намалува бројот на летови за САД

Најголемата блискоисточна авиокомпанија Emirates ќе го намали бројот на летови за САД поради падот на побарувачката.

Тоа е последица на заострените безбедносни мерки и обидот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да забрани влез на државјаните на некои муслимански земји.

Одлуката на авиопревозникот во сопственост на владата во Дубаи претставува досега најсилен показател дека мерките во САД за ограничување на патниците од муслиманските земји им нанесува финансиска штета на заливските авиокомпании, кои брзо го ширеа работењето во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП