5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонскиот извоз расте со брзо темпо

Јапонскиот извоз расте со брзо темпо

Јапонскиот извоз расте со силнo темпо, пред сè благодарение на високата побарувачка од страна на Кина. Извозот во март бележи раст со највисока стапка по повеќе од две години, покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии, цитирани од „Ројтерс“. Сепак стравувањата за трговијата ја помрачуваат перспективата, коментира агенцијата.

Вицепремиерот и министер за финансии Таро Асо, кој ја предводи новата комисија за двостраниот економски дијалог со САД, во средата изјави дека Јапонија има многу малку простор за компромис со САД во рамките на билатерална трговска зделка.

Во март извозот отскокнува со 12% на годишно ниво до 7,2 илјади милијарди јени (66,12 милијарди долари). Така извозот на третата по големина светска економија се зголемува трет месец. Увозот се зголемува со 15,8% на годишна основа до 6,6 илјади милијарди јени. За тоа придонесува фактот дека земјата увезла големи количества нафта и јаглен. Бидејќи од хаваријата во Фукошима повеќето нуклеарни централи на островската држава за затворени, па Јапонија произведува електрична енергија главно со ТЕЦ-ови.

Генерално за март Јапонија оствари трговски суфицит од 614,7 милијарди јени, што е помалку од вишокот од 744,9 милијарди јени од пред една година, но над пазарните очекувања за вишок од 575,8 милијарди јени, бидејќи извозот е помал од увозот.

За завршената на 31-ви март финансиска година за прв пат во последните шест години островската држава е во плус во трговскиот биланс. Ова се должи на падот на цените на нафтата, што доведува до пад на вредноста на увозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП