28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на цената на нафтата ги ослаби индексите на Волстрит

Падот на цената на нафтата ги ослаби индексите на Волстрит

Берзанските индекси на Волстрит во среда ослабеа, петти пат во последните шест трговски денови, што е последица на остриот пад на цените на нафтата и послабите од очекуваното деловни резултати на ИБМ.

Dow Jones ослабе 0,58 отсто 20.404 бодови, додека S&P 500 се лизна незначително на 2.338 поени.

Nasdaq индексот зајакна 0,23 отсто на 5.863 бодови.

Најмногу паднаа, 1,4 отсто, цените на акциите во енергетскиот сектор, бидејќи цените на нафтата потонаа за повеќе од 3,5 отсто.

И на европските берзи се тргуваше внимателно.

Лондонски FTSE индексот се лизна 0,46 отсто, на 7.114 бодови, додека франкфуртски DAX зајакна 0,13 отсто на 12.016 поени, додека париски CAC 0,27 отсто, на 5.003 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП