13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстралија планира да воведе построги услови за добивање државјанство

Австралија планира да воведе построги услови за добивање државјанство

Австралија планира да воведе построги услови да добивање државјанство и да го продолжи рокот на чекање.

Австралиските власти ќе воведат дополнителни тестови за познавање на „австралиските вредности“ и повисоки стандарди за познавање на англискиот јазик, како дел од промената на имиграциската програма, пренесуваат светските агенции.

Мерките доаѓаат во период кога австралискиот премиер Малколм Турнбол најави дека ќе се укинат визите за привремените работници, популарни помеѓу странците, и ќе ги замени со построги програми, како настојување за да се оствари начелниот план „Најпрво Австралија“.

Во земјата исто така е забележан раст на националистичките и антиимиграциските политики кои се заговарани од страна на десничарските партии како „Една нација“, која ужива голема јавна поддршка, додека популарноста на партијата на Турнбол опаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП