10 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на биопродукти во светот надминува 80 милијарди долари

Продажбата на биопродукти во светот надминува 80 милијарди долари

Продажбата на мало на биопродукти и пијалоци во 2016-та година надмина 81 милијарди долари – речиси четири пати повеќе во однос на 2000-та година (18 милијарди долари). 90% од продажбата се формира благодарение на Северна Америка и Европа.

Побарувачката постепено расте и во азиските земји, Латинска Америка и Африка, но засега во овие региони производството е извозно ориентирано.

Денес 1% од земјоделските површини се користат за производство на органски производи – близу 50,9 милиони хектари. Најголемите територии за биопроизводство се во Австралија (22,7 милиони хектари), Аргентина (3,1 милиони хектари) и САД (2 милиони хектари), соопштува агенцијата, повикувајќи се на податоци од Истражувачкиот институт за земјоделство „FiBL“ и „IFOAM“.

Дури и во богатите европски земји и Северна Америка побарувачката не е постојана. На пример 89% од Французите, според истражувањето на „Agence Bio“, купуваат чисти производи, но само 37% го прават постојано.

Биопродуктите се поскапи и корисниците имаат различна мотивација да ги купат. На прво место е грижата за здравјето, наведена од 63% од Французите. Германските потрошувачи се загрижени за животната средина, бидејќи природните производи ја загадуваат помалку животната средина.

Данците се заинтересирани од состојбата на животните, а корисниците во САД од отсуството на ГМО во храната и пијалоците.

Во Русија допрва се формира пазар за биопродукти и во моментов тој е мал – околу 120 милиони евра, според податоците на „FiBL“ и „IFOAM“. По глава на жител излегува едвај 0,8 евра.

Меѓутоа постои тренд за раст, а во 2016-та година во земјата за биопроизводство се користат 385 илјади хектари. Развојот на пазарот се попречува засега од отсуството на централизирани механизми за сертификација на органски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар