13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците штедат како никогаш претходно

Американците штедат како никогаш претходно

Малопродажбата во САД опадна во март втор месец по ред и покрај здравиот пазар на труд, бидејќи Американците ја намалиле потрошувачката за возила и ресторани.

Малопродажбата минатиот месец опадна за сезонски прилагодениете 0,2 проценти, соопшти денес американското Министерство за трговија. Во февруари е забележан пад од 0,3 проценти, додека во последните 12 месеци малопродажбата е зголемена за 5,2 проценти, што е знак дека економијата на САД е на добри основи.

Постојат, сепак, назнаки дека потрошувачите се се повнимателни иако стапката на невработеност во март опадна на ниските 4,5 проценти. Постојаниот раст на бројот на работни места заедно со осмата година на закрепнување од Големата рецесија и скокот на расположението на потрошувачите по победата на Доналд Трамп на претседателските избори сеуште не ја зајакнаа потрошувачката.

Од почетокот на 2017 година Американците го намалиле купувањето во продавниците за автомобили, како и во рестораните и баровите, што биле двата најголеми извори за раст претходната година. Продажбата на возила во март опаднала за 1,5 проценти, а во рестораните и баровите за 0,6 проценти. Во двете категории падот е забележан втор месец по ред.

Во март опаднала и потрошувачката за градежен материјал, како и на бензинските пумпи, иако тоа може да се одрази на пониските цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП