19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo пријави раст на приходите, пред да биде продаден

Yahoo пријави раст на приходите, пред да биде продаден

Американската интернет компанија „Yahoo“ пријави раст на приходите од 22,1 проценти во првиот квартал од оваа година на 1,33 милијарди долари.

Станува збор за податоци во пресрет на продажбата на својот основен интернет бизнис на компанијата „Verizon“, пренесува CNBC.

Нето добиката на „Yahoo“ во првиот квартал достигна 99,4 милиони долари, или 10 центи по акција, во однос на нето загубата од 99,2 милиони долари во истиот период минатата година.

Приходите на компанијата од „Mavens“ (единицата за огласување по пат на мобилни телефони, видеа, социјални мрежи и класично огласувањe, која се смета за клучно развојно подрачје), скокнаа во првите три месеци за 35,6 проценти на 529 милиони долари.

„Verizon“ се согласи во февруари за 4,48 милијарди долари да ја купи основната дејсност на „Yahoo“, која го вклучува интернет пребаруањето и електронската пошта, намалувајќи ја својата почетна понуда за 350 милиони долари, по двата големи хакерски напади на оваа интернет компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП