12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот суфицит во еврозоната се намали во февруари

Трговскиот суфицит во еврозоната се намали во февруари

Еврозоната регистрира трговски суфицит во износ од 17,8 милијарди евра во вториот месец од годината во однос на 18,2 милијарди евра една година порано, покажуваат прелиминарните податоци на „Евростат“.

Изнесените стоки од еврозоната за остатокот од светот во февруари се во износ од 170,3 милијарди евра, што претставува зголемување од 4% во споредба со февруари 2016-та година. Увозот изнесува 152,6 милијарди евра, што е раст од 5% во споредба со февруари 2016-та година.

Пазарните очекувања беа за трговски суфицит во износ од 16,2 милијарди евра, пишува „Trading Economics“.

Во првите два месеца од годината трговскиот суфицит се сведен на 17,3 милијарди евра во споредба со 23 милијарди евра, при што извозот расте со 8% до 333,7 милијарди евра, а увозот се зголемува со 11% до 316,4 милијарди евра.

Истовремено Европската унија (ЕУ) оствари вишок од 1,7 милијарди евра во споредба со 2,6 милијарди евра дефицит во февруари 2016-та година.

Во јануари и февруари 2017-та година трговскиот дефицит се зголемува до 14,8 милијарди евра во споредба со 9,6 милијарди евра една година порано, извозот се зголемува со 11% до 287,6 милијарди евра, а увозот со 13 % до 302,4 милијарди евра.

Извозот на примарни производи се зголемува со 27% до 42,9 милијарди евра, водени од растот на продажбата на енергија (67%), како и на суровини (26%) и храна и пијалаци (5%). Зголемувањето кај индустриските стоки достигнува 9% до 233,4 милијарди евра.

Меѓу трговските партнери најголеми зголемувања во извозот оствари Русија (30 отсто), САД (10%), Кина (19%) и Јужна Кореја (15%).

Увозот на примарни производи се зголемува со 39% до 91,2 милијарди евра, исто поддржан главно од енергијата (64%), како и суровините (16%) и храната и пијалаците (3%).

Најголеми зголемувања на увозот регистрираат Русија (55%), Норвешка (44%), Јужна Кореја (со 31 отсто) и Канада (16%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП