8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМирен трговски ден на Македонската берза

Мирен трговски ден на Македонската берза

Вкупниот промет во среда изнесуваше 4,5 милиони денари со вкупен број од 27 трансакции. Обврзниците беа отсутни од пазарот, за сметка на 12 акции кои беа во фокус на интересот на инвеститорите.

Најголем промет остварија акцијата на Гранит (3,1 милиони денари) со истргувани 4701 лот по просечна цена од 680,00 денари преку 11 трансакции.

Поголема количина на акции се истргува со Адинг АД Скопје (666 лота) чија просечна цена изнесува 640,00 денари по акција.

МБИ10 забележа пад на вредноста од 0,58 отсто и го заврши денот на 2.235,69 индексни поени, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП