28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНова визија за Микрософт мобилен телефон

Нова визија за Микрософт мобилен телефон

phone

Објавени се информации за новата визија на Surface телефонот со 5 инчи екран, 12MP камера, USB 3.0. и дополнителна тастатура.

Веќе некое време на интернет кружат гласини за телефонот на Мајкрософт, па некои аналитичари се уверени дека по првиот модел на таблет, следен чекор на компанијата е претставувањето на паметниот телефон, кој ќе работи со оперативен систем Windows Phone и кој ќе се конкурира на пазарот со најдобрите телефони како што се Galaxy S3, IPhone 5 и други.

Иако од Мајкрософт не ги коментираат гласините поврзани со smartphone-от, извршниот директор на Нокиа, Стефан Елоп изјави дека представувањето на Windows Phone од страна на Микрософт би било добро за целата мобилна платформа, бидејќи би се привлеко повеќе внимание на овој оперативен систем. Со тоа ќе профитираат и Мајкрософт и компаниите кои ги истакнуваат Windows телефоните. Оваа изјава многумина ја протолкуваа како потврден одговор на Елоп, за гласините во врска со ваквата визија за нов телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП