28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е главен снабдувач на гас, нафта и јаглен во ЕУ

Русија е главен снабдувач на гас, нафта и јаглен во ЕУ

Русија е главен снабдувач на енергија на земјите од Европската унија (ЕУ), покажуваат податоците на европската статистичка служба „Евростат“. Статистиката покажува дека во 2015-та година 29% од нафтата, 29% од цврстите горива (главно јаглен) и 37% од гасот што ги увезува Заедницата, доаѓаат од Русија.

Во однос на гасот 33% од увозот е од Норвешка, а 11% од Алжир. Норвешка држи и удел од 12% од увозот на нафта. Статистиката покажува дека во првите три на увозниците на цврсти горива се уште Колумбија (со удел од 24% од вкупниот увоз) и САД (16%).

Генерално ЕУ е силно зависна од увозот на енергетските ресурси и ранлива, бидејќи се потпира само на неколку извори, покажува статистиката.

Во 2015-та година 54% од енергетските потреби на блокот биле покриени од увоз, покажуваат уште податоците на „Евростат“. Овој процент е особено висок во земјите „џуџиња“ – Малта, Кипар и Луксембург, кои се потпираат речиси целосно на увоз на енергија, под 20% за земји како Естонија, Данска и Романија. Тие се потпираат на локална екстракција и на обновливи извори, а така успеваат да ја намалат зависноста од увозот.

Во ЕУ главните извори на енергија се нуклеарните и обновливите со удели од соодветно 28,9% и 27% во вкупното производство на енергија. Тврдите горива го заземаат третото место со 19%, а природниот гас е со удел од 14 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП