28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција очекува околу 200 милиони евра од приватизацијата на пристаништето во Солун

Грција очекува околу 200 милиони евра од приватизацијата на пристаништето во Солун

Грција очекува меѓу 190 и 200 милиони евра од приватизацијата на мнозинскиот удел на пристаништето во Солун, пишува „Катимерини“.

Крајниот рок за поднесување на подобрени понуди во овој тендер истекува на 21-ви април. Според изданието, тој може да биде продолжен, бидејќи понудите на двајцата главни кандидати се многу блиски.

Државниот фонд за приватизација (HRADF) понуди за дезинвестирањето удел од 67% од капиталот во второто по големина пристаниште во земјата. Оценките на пазарот се дека износот што Владата може да добие, е околу 200 милиони евра.

Во минатата година Атина заврши со давање на долгогодишната концесија на најголемото пристаниште – Пиреја, на кинескиот инвеститор „Cosco“.

Дезинвестирањето кај нашиот јужен сосед е очекувано од кредиторите на земјата, но темпото со кое се врши тоа, се незгодно, поради силното јавно незадоволство против оваа мерка. Постапката за продажба на делот од пристаништето беше претставено во април 2014-та година.

Сега фондот за приватизација доби три финансиски понуди – од филипинската „International Container Terminal Service“, „Peninsular and Oriental Stream“ на арапскиот конзорциум „Dubai Ports World“ и од „Deutsche Invest Equity“ – „Belterra Investments and Terminal Link“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП