28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорошенко: Санкциите против Русија мора да останат на сила

Порошенко: Санкциите против Русија мора да останат на сила

Претседателот на Украина Петро Порошенко денеска повика на продолжување и зацврстување на западните санкции против Русија, со цел да се задржи Кремљ во линија и да се обезбеди успех на сопствена програма за економски реформи во Украина.

“Ни треба цврста поддршка за реформи во Украина..За да продолжиме, санкциите мора да останат цврсто кон Русија – тоа е единствениот механизам за да се задржи Русија на преговарачката маса”, рече Порошенко на конференција во Лондон.

Русија беше казнета со економски санкции во знак на одмазда за анексијата на регионот Крим во 2014 година и нејзината наводна улога во конфликтот во источна Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП