24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем интерес за македонското културно наследство на саемот во Кина

Голем интерес за македонското културно наследство на саемот во Кина

Публикациите за најзначајните културни и природни вредности на Македонија, предизвикале огромен интерес кај посетителите на Саемот за туризам што се случува деновиве во Пекинг.

Управата за заштита на културно наследство информираше дека деновиве македонското културно наследство се претставува во Кина каде постои интерес и желба, посетителите да ја посетат Македонија и лично да се уверат во нејзините единствени културни вредности.

Ова е прво претставување на Македонија на овој Саем со сите нејзини културни и природни добра.

„Особено ми е драго што имаме чест деновиве да го промовираме македонското културно наследство во Кина, една од најголемите светски нации, заинтересирана и максимално посветена на сопствениот развој, но и на запознавањето и поддршката на земјите во развој. Освен тоа, ценам дека е многу значајно за Македонија тоа што Кина првпат ќе има можност да ја види студијата за врската со античкото кралство Македонија, како и повеќето студии за античките македонски градови – вели Виктор Лилчиќ-Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Во рамките на учеството на Саемот, во службена посета на штандот на Република Македонија беа и претставници на Амбасадата на Македонија во Кина, кои изразија огромно задоволство за учеството на нашата земја на овој престижен саем со надеж дека тоа ќе ги зајакне односите меѓу Македонија и Кина и ќе го зголеми бројот на кинеските посетители од Македонија.
Со цел Македонија да се промовира како нова туристичка дестинација пред кинеските посетители, претставниците од Управата дадоа интервју за организаторот на настанот како дел од неговата веб-промоција, како и интервју за некои од локалните телевизиски програми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП