10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИКЕА ќе отвори фабрика во бегалски камп во Јордан

ИКЕА ќе отвори фабрика во бегалски камп во Јордан

Шведската компанија ИКЕА, позната по производството на мебел, ова лето планира да отвори фабрика во бегалски камп во Јордан.

Оваа фабрика е дел од нивниот долгорочен план за вработување на 200.000 луѓе што се во незавидна позиција ширум светот, преку програмите за социјално претприемништво.

Центрите во Јордан би требало да бидат во функција од август и ќе ги вработуваат бегалците од Сирија, како и Јорданци, во производството на плетени производи, вклучително и теписи, перници и прекривки за кревет.

ИКЕА ќе ги изгради и опреми производните центри, а во нив ќе се изработуваат рачно изработени предмети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП