27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААХВ: 1300 кг. бразилско пилешко замрзнато месо запленето и уништено

АХВ: 1300 кг. бразилско пилешко замрзнато месо запленето и уништено

Над еден тон замрзнато месо со потекло од Бразил било уништено на депонијата во Струга на почетокот на април, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ).

Според АХВ, 1300 килограми пилешко замрзнато месо било запленето на Граничниот премин Ќафасан

„Станува збор за легален увоз на замрзнато пилешко месо, за кое, врз основа на извршениот преглед од страна на официјален ветеринар, било констатирано дека потекнува од објект – кланица, кој во моментот на прегледот не се наоѓал на листата објекти кои се одобрени за извоз од страна на Европската унија, односно кој дозволата за извоз ја изгубил на 23.03.2017 година“, се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ појаснуваат дека увозот не месо во земјава се врши исклучиво од одобрени земји за увоз и од одобрени објекти. Секоја пратка задолжително е пропратена со ветеринарно здравствен сертификат со кој се гарантира безбедноста на пратката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП