13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги намали проeкциите за растот на македонската економија

ММФ ги намали проeкциите за растот на македонската економија

Економијата на светско ниво ќе забележи раст во текот на наредната година. Ова е наведено во годишниот извештај на Mеѓународниот монетарен фонд(ММФ), кој најновите економски прогнози за целиот свет ги претстави во документот „Светски економски перспективи“.

Според овој извештај, предвидениот раст на македонската економија е 3,2 отсто за оваа година, 3,4 проценти за 2018 година, а до 2021 година се предвидува раст до 3,8 отсто, што претставува намалување на проекциите на економскиот раст во споредба со извештајот на ММФ објавен во октомври минатата година.

Економскиот раст ќе биде најинтензивен во Соединетите Американски Држави, а добри прогнози има и за Русија, која ќе има голема полза од растот на цената на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП