28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина стана најголем увозник на нафта во светот

Кина стана најголем увозник на нафта во светот

Кинескиот увоз на нафта минатиот месец достигна историски рекорд, со што официјален Пекинг ги надмина САД и стана најголемиот купец на сирова нафта во светот.

Увозот на нафта во март достигна 9,17 милиони барели дневно, по февруарскиот увоз од 8,286 милиони барели дневно, соопшти кинеската Царинска управа, пренесува Раша тудеј.

Претходниот рекорд е забележан во декември, кога Кина увезе 8,57 милиони барели дневно.

Зголемувањето на увозот на нафта, како што оценува РТ, може да се објасни со зголемениот обем на купување на независните домашни рафинерии кои на средината на јануари добија нова квота.

„Увозот од 9,2 милиони барели нафта дневно секако е шокантна цифра“, вали аналитичарот од консултантската компанија IHS Markit, Хери Лу.

Истовремено, Кина произведува помалку нафта од вообичаено, па така во јануари и февруари произвела вкупно 230.455 милиони барели, што е за осум проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Цената на нафтата вчера беше стабилна, при што цената на северноморската нафта „брент“ изнесуваше 55,89 долари за барел, а американската „лесна“ нафта 53,18 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП