ПочетнаЕКОНОМИЈАВо повеќе градови во земјата ќе има обуки за граѓанско новинарство

Во повеќе градови во земјата ќе има обуки за граѓанско новинарство

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ќе одржи обуки за граѓанско новинарство во повеќе делови од земјата. На обуките, учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на граѓанското општество.

Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етика во граѓанското новинарство. Дел од програмата, ќе бидат социјалните медиуми како канали на комуникација, како и блогирањето како можност за правење општествена промена.

Заинтересираните треба да се пријават за обуките во регионите од каде што доаѓаат, а рокот за пријавување е:

21-ви април за Скопје и Полог

28-ми април за Пелагонија и Југозапад

5-ти мај за Североисток и Исток

12-ти мај за Вардарски и Југоисточен

Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните трошоци за тие кои доаѓаат од градот каде што се одржува обуката.

Лице за контакт е Фанија Ивановска – [email protected] .

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП