26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank е највредниот руски бренд

Sberbank е највредниот руски бренд

Sberbank стана највредниот руски бренд – нејзината вредност во однос на минатата година е поголема за 23 проценти и сега изнесува 570 милијарди рубљи.

Според податоците на британската консултантска компанија „Brand finance“, силна страна на „Sberbank“ се кредитните портфолија, внимателното управување со ризиците и иновацискиот пристап.

Според оваа компанија Sberbank е шести по вредност банкарски бренд во Европа и 24-ти во светот.

Втората најголема руска државна банка VTB го зазема осмото место меѓу руските брендови.

Нејзина вредност е проценета на 106 милијарди рубљи, и во споредба со минатата година, опадна за 24 проценти.

Во топ пет највредни руски брендови влегоа и Gazprom (305 милијарди рубљи), Lukoil (283 милијарди рубљи), Rosneft (180 милијарди рубљи) и Magnit (153 милијарди рубљи).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП