30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цената на нафтата по собирањето на профитот

Пад на цената на нафтата по собирањето на профитот

nafta11

Цената на суровата нафта изутринава се намали, откако трговците го собраа профитот оставрен по позитивните резултати на американскиот пазар на труд и растот на тензиите на Блискиот Исток.

Американската лесна нафта за испорака во јуни поевтини на берзата во Њујорк за 60 центи на 95,56 долари за барел.

Истовремено на берзата во Лондон, барел северноморската нафта од типот „брент“ поевтини за 40 центи на 105,06 долари.

– Позитивните податоци за вработувањето во САД малку ги изненадија пазарите, оцени аналитичарот на сиднејската фирма Фет профитс, Дејвид Ленокс.

Американското стопанство во април отвори 156 илјади нови работни места и ревидираше најмногу податоци за претходните два месеци, што доведе до пад на стапката на невработеност на 7,5 отсто и оптимизам околу пазарот на труд во најголемата светска економија и потрошувач на нафта.

Трговците исто така ја следат ситуацијата на Блискиот Исток, откако Сирија предупреди дека ќе одговори на воздушните напади на Израел на воените цели во околината на Дамаск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП