28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги зголеми прогнозите: Светот го очекува поголем раст

ММФ ги зголеми прогнозите: Светот го очекува поголем раст

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави вчера дека очекува забрзување на глобалниот економски раст во оваа година.

Се очекува дека економијата на глобално ниво благо ќе пораснe и тоа за 3,5 проценти годишно што е пооптимистична прогноза во однос на прогнозата на крајот на минатата година. Прогнозите за 2018 година не се променети и предвидуваат раст од 3,6 проценти.

Зголемувањето во најголема мера се однесува на прогнозата дека растот во Соединентите Американски Држави ќе биде побрз, со оглед на планираните мерки за олеснување на даночните стапки, зајакнувањето на валутата и довербата во економијата.

Но, среднорочно ММФ предвидува значителни ризици, вклучувајќи и најави на протекционизам кои би можеле да доведат до трговски војни.

Добри прогнози постојат и за Русија, која ужива во користа од растот на цената на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП