28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Еврозоната има потреба од министер за финансии

Лагард: Еврозоната има потреба од министер за финансии

Еврозоната денес е многу подобро подготвена за кризна ситуација во однос на 2008-ма година, но промените се уште не се завршени. Тоа го коментира директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард во интервју за француското издание „Le Figaro“ и весници од групата „Lena“, од кои дел е и швајцарскиот „La Tribune de Geneve“.

Според Лагард, Европскиот механизам за стабилизација (ESM) и зајакнувањето на банкарската супервизија сосема не се крај на реформите за монетарната унија на ЕУ. За стабилизирање му е потребно уште почитувањето на условите на Пактот за стабилност и раст, заедничка фискална политика и единствен министер за финансии.

За развојот на еврозоната е потребно уште и да проработи единствената банкарска унија, исто така посочува Лагард.

Во своето интервју таа коментира уште и за учеството на ММФ во спасувачката програма за Грција. Земјата е една од слабите алки на еврозоната, а периодично се коментира и можноста за „Grexit“. Според Кристин Лагард учеството на институцијата предводена од неа во програмата за Грција зависи од два услови: одржливост на долгот и реформи.

„Имаме потреба од силни реформи и работиме во таа насока – нашите екипи ќе се вратат во Грција, за да ги запишат работите „црно на бело“, да се подготви рамка на договор кој ќе биде исполнет од сите страни“, коментира уште Лагард.

Оценката на ММФ во однос на одржливоста на грчкиот долг е дека некое реструктуирање е потребно, анализата ќе покаже во какви граници, дополни директорот на Фондот.

Токму реструктуирањето на грчкиот долг ги скара доверителите на нашиот јужен сосед. Во Европа сметаат дека нема потреба од промени во таа насока и Атина ќе успее да постигне поставените фискални цели во наредните години. Во исто време европските кредитори инсистираат ММФ да учествува во спасувачката програма на Грција, макар и да не ги прифатат нивните проценки.

„ММФ не може да се помири со неразумни очекувања или нестабилни макроекономски рамки“, категорична е Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП