ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвиваа по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна во вторникот, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП