Првиот трговски ден од оваа седмица имаше зголемен обем на тргување на Македонската берза за хартии од вредност.
Вкупниот промет изнесуваше 13,7 милиони денари и се реалзираше во 59 трансакции.
Најтргувани беа акциите на Алкалоид АД Скопје со промет од 5,4 милиони денари со истргувани 952 лотови по цена од 5.753,42 денари. По неа следеа акциите на Комерцијална банка АД Скопје (3,3 милиони денари), Гранит АД Скопје (3,01 милиони денари) и МЗТ Енергетика (1,3 милиони денари).
Според растот на цената на прво место беше акцијата на Уни Банка со раст од 5,26%. Следеа акциите на Македонски телеком (+2,94%), Гранит (+,1,49%) и приоритетната акција на Стопанска банка АД Скопје (+0,62%). На спротивната страна се најдоа акциите на Комерцијална банка (-0,93%), Алкалоид (-0,63%)и Макептрол (-0,12%).
Индексот МБИ10 порасна за 0,05% заврши со вредност до 2.248,66 индексни поени, додека индексот ОМБ остана без промена и моментално изнесува 128,54 индкесни поени