15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен интересот за осигурување поради поплавите и земјотресите

Зголемен интересот за осигурување поради поплавите и земјотресите

Задолжителното осигурување од автоодговорност бележи најголемо учество во вкупното неживотно осигурување кое и најмногу се нуди на осигурителниот пазар, покажаа податоците презентирани на прес-конференција во Стопaнската комора. Ова осигурување учествува со 44 отсто во вкупното неживотно осигрување. Од останатото осигрување 17,8 отсто отпаѓа на имотното осигурување, 8,7 отсто на каско осигурувањето и 11 отсто на осигурувањето од незгоди.

Директорот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, рече дека во земјава сѐ уште не се размислува за проширување на листата на задолжително осигурување. Од вкупно 69.000 потпишани договори за осигурување имот 17.064 го содржат ризикот поплава и 9.190 ризикот земјотрес. Лани осигурителните компании за штети од поплави исплатиле околу 35 милиони денари или околу 600 илјади евра, додека пак исплатената штета од земјотреси е минимална. Регистрирани се осум случаи на пријавена штета од земјотрес кои имале позитивен епилог за осигурениците, а уште осум случаи чекаат да бидат решени.

И покрај ваквите податоци, осигурителниот бизнис во земјава бележи умерен раст, а расте и понудата на нови сегменти во осигурувањето. „Лани е остварена бруто полисираната премија од 8,7 милијарди денари и е остварен пораст од 5,34 отсто. Најголемиот дел од полисираната премија или 7,43 милијарди денари отпаѓа на неживотното осигурување во кое најголем придонес има автоодговорноста“ рече Попоски.

Во текот на 2016 година пак се склучени 1,29 милиони договори за осигурување. Вкупно 13.733 од нив се за животно осигрување, додека пак 1.300 договори се за здравствено осигурување. Во земјава има 15 осигурителни компании, а само 4 од нив нудат животно осигурување. Вкупно 45 отсто од продажбата на полисите овие компании го вршат самите, додека 25 отсто од продажбата на полиси се реализира преку брокери. Остатокот е на други канали за продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП