18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs не ги оправда очекувањата и за добивката и за приходите

Goldman Sachs не ги оправда очекувањата и за добивката и за приходите

Инвестициската банка „Goldman Sachs“ објави финансиските резултати за првиот квартал, кои не ги оправдуваат очекувањата на аналитичарите, соопшти „CNBC“.

Добивката по акција изнесува 5,15 долари во позадина на 5,31 долари за акција, каква беше просечната прогноза на инвеститори, анкетирани од „Thomson Reuters“.

Приходите на банката се 8,026 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 8,446 милијарди долари.

Нето приходите од тргување со должничка вредност, валути и суровини останува без значајна промена во однос на истиот период во минатата година на ниво од 1,69 милијарди долари. Приходите од тргување со акции се намалуваат со 6% на годишна основа.

Според „Bespoke Investment Group“ во историјата на „Goldman“ како јавно претпријатие во 90% од случаите, банката ги надминува прелиминарните очекувања во своите извештаи.

Во последните неколку квартали скокот во приходите од тргувањето помогнаа за финансиските резултати на доверителот. Токму финансиските компании во САД го поведоа берзанскиот подем од претседателските избори, па наваму.

Оваа година, сепак банките имаат проблеми да покажат исто толку добри перформанси на берзата. За затворање на седницата во понеделникот, финансискиот сектор се затвори без измена од почетокот на годината.

Од изборите на 8-ми ноември 2016-та година до денес акциите на „Goldman Sachs“ поскапеа за 30%, но од почетокот на годината поевтинуваат со над 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП