17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖителите од поплавените подрачја утре ги напуштаат прифатните домови

Жителите од поплавените подрачја утре ги напуштаат прифатните домови

Жителите чии домови беа уништени од поплавите на почетокот на август минатата година, утре ќе ги напуштат прифатните домови,затоа што Владата нема да го продолжи финансирањето на нивниот претстој.

Привремено тие беа сместени во студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“, но утре ќе мораат да го напуштат и да се вратат во своите домови, иако се уште не се целосно санкционирани штетите.

По поплавите кои ги уништија нивните домови, Владата ги покриваше трошоците до 31 март, но тие мораа да останат таму до денес затоа што нема каде да одат.

Поголемиот дел од граѓаните со финансиската помош добиена од државата, направиле само помали санации во своите домови.Направен е увид на состојбата со поплавените,кои што се сместени во домот.

Се предвидува три семејства да бидат преместени во Центарот „25 мај“, велат од ресорното министерство. Доколку надлежните не превземат мерки, овие луѓе ќе останат на улица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП