2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија претставена на глобална конференција за производители на електронски компоненти во САД

Македонија претставена на глобална конференција за производители на електронски компоненти во САД

Las Vegas-20130506-00996

Директорот на Агенцијата за Странски Инвестиции и промоција на извозот на Р.Македонија, Висар Фида и економскиот промотор на Македонија во САД, Дејан Величков учествуваат на Глобална конференција за производители на електронски компоненти EDS 2013, која се одржува од 6-9 мај 2013 година во Лас Вегас, САД.

EDS 2013 претставува глобален собир на компаниите од индустријата на Електронски Компоненти на кој учество земаат повеќе од 400 производители на електронски компоненти од сите страни на светот.

Директорот, Висар Фида и економскиот промотор остварија  повеќе  средби и контакти со представници на глобални компании од оваа индустрија кои имаат планови за експанзија во иднина. Неколку компании се сериозно заинтересирани за можностите кои ги нуди нашата земја и веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија во летниот период за да ги проверат условите и информациите кои ги презентираа Македонските представници.

Во рамки на конференцијата остварени се и средби со компании кои веќе ја посетиле Македонија и се пред носење на финална одлука за инвестирање како и со компании кои веќе инвестирале во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП