3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ одобри нови 51 милион долари помош за БиХ

ММФ одобри нови 51 милион долари помош за БиХ

bih2

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 51 милион долари помош за Босна и Херцеговина, откако оваа светска организација утврди дека Босна и Херцеговина ги држи своите финансии под контрола.

Еден од главните услови за добивање на нова транша во износ од околу 80 милиони конвертибилни марки, беше усвојувањето на законот за предвремено поволно пензионирање на бранителите.

Без дополнителна помош од ММФ, БиХ би била соочена со поголем дефицит и трошоци за задолжување.

„Здравата политика во финансискиот сектор ги ублажува ризиците“, изјави заменик директорот на ММФ, Немат Шафик. „Програмата која ја поддржува ММФ продолжува да обезбедува спас“.

ММФ и Светската банка соопштија дека во оваа година очекуваат економски раст во БиХ од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП