6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија забележа раст од 6,9 проценти

Кинеската економија забележа раст од 6,9 проценти

Кинеската економија забележа раст од 6,9 проценти во првиот квартал од 2017, што е незначително повеќе од очекуваното, покажаа денес објавените официјални статистички податоци.

Кинеската економија оствари поголем раст во првиот квартал од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, кога тој изнесуваше 6,8 проценти.

Зголемената државна потрошувачка на инфраструктурата и побарувачката во областа на недвижнините придонесоа за растот на втората најголема економија во светот.

Државниот завод за статистика соопшти дека „кинеската економија во моментов покажува добри знаци за раст, општа стабилност на цените и раст на вработеноста“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП