23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците му поставија ултиматум на Министерот за финансии

Земјоделците му поставија ултиматум на Министерот за финансии

До петок земјоделците му дадоа рок на министерот за финансии, Кирил Мински, да ги потпише вирманите за исплата на субвенциите, во спротивно најавуваат радикализација на протестите.

Ристо Велков, од Сојузот на синдикати на земјоделци, вели дека ако државата им ги блокира сметките за неплатени давачки, тие мора да преземат некакви мерки бидејќи државата е таа која не го исполнува ветеното.

Од Министерството за финансии и натаму нема одговор кога ќе започне исплатата на субвенциите. Неофицијално, и покрај тоа што Комисијата за спречување корупција испратила допис во кој се дава зелено светло за исплата, сепак, од надлежните нема реакција.

Исплатата на субвенциите за земјоделците е запрена со месеци. Прво беше замрзната поради најавата за избори, потоа имаше проблем со директорот на Платежната агенција, потоа Министерството за финансии неисплатата ја правдаше со технички проблем, додека ресорното Министерство за земјоделство уверува дека пари за субвенции има.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП